Сити сака да му се реваншира на Челзи

Денеска ќе се одиграат првите четри натпревари од 1/8 финалната рунда во англискиот ФА Куп, а вниманието на фудбалската јавност ќе биде насочено кон “Итихат”, каде домашниот тим на Манчестер Сити ќе се обиде да го победи и елиминира големиот ривал од Премиер лигата,тимот на Челзи.

Последната првенствена пресметка помеѓу овие два тима, одиграна пред три недели заврши со минимален триумф на Челзи од 1:0.

“Не само за овој натпревар,и за следниот против Барселона во Лигата на шампиони, јас не можам да сметам на услугите на Серхио Агуеро и Фернандињо. Единствената добра вест е дека повторно со полн интензитет тренираат Насри и Гарсија но не знам дали ќе добијат шанса да настапат на овој натпревар. Нема да се повтори натпреварот од пред неколку недели, сега сакам ние да се радуваме на победата”, менаџерот на “граѓаните”, Мануел Пелегрини.

Денеска на програмата: Сандерленд – Саутемптон, Кардиф – Виган, Шефилд В. – Чарлтон, Манчестер С. – Челзи.