Сити ситно брои до шампионската титула

За неколку часа ќе биде решена и последната дилема кога е во прашање англиската Премиер лига. Околу 18:00 часот ќе го дознаеме и новиот владетел на Островот, а најблиску до шампионската титула се фудбалерите на Манчестер Сити кои имаат обврска да освојат најмалку еден бод во дуелот со гостинскиот тим на Вест Хем.

Кикс на Манчестер Сити посакуваат фудбалерите на Ливерпул кои најавија сигурен триумф во првенствениот дуел против гостинскиот тим на Њукасл, но истиот нема да се покаже како доволоен за да биде освоена шампионската титула доколку, директниот ривал, тимот на Манчестер Сити освои и најмалку еден бод на „Итихат“.

Денеска на програмата: Кардиф – Челзи, Фулам – Кристал Палас, Норвич – Арсенал, Хал – Евертон, Саутемптон – Манчестер Ј., Ливерпул – Њукасл, Манчестер С. – Вест Хем, Сандерленд – Свонси, Тотенхем – Астон Вила, ВБА – Стоук.