Сити славеше на „Олд Трафолд“, без победник во Мерсисајд дербито

Фудбалерите на Манчестер Сити направија голем исчекор кон освојувањето на титулата откако во дербито во 16-тои коло на „Олд Трафорд“ го победија градскиот ривал Манчестер Јунајтед со 2:1 и сега имаат дури 11 бодови предност.

Англискиот медиум дуелот на „Театарот на сништата“ го опишаа како клучен натпревар во борбата за титулата. Манчестер Сити со победата побегна на големи 11 бодови предност, додека Манчестер Јунајтед додека победеше разликата ќе ја намалеше на пет бодови и така ќе ја вратеше неизвесноста во Премиершип.

На крајот сосема заслужено славеа гостите и навивачите на „Граѓаните“ веќе можат да се подготвуваат за конечното славење. Островските медиуми забележуваат дека на крајот од сезоната дел од премијата за шампионската титула би требало да му припадне и на напаѓачот на „Црвените ѓаволи“ Ромел Лукаку кој со две „асистенции“ беше виновник за двата гола на Сити па во 85 минута примаши зицер за 2:2.

Сити поведе во 43 минута по нафрлувањето на Кевин де Брујне од корнер. Топката се одби од Луаку до Давид Силва кој од пет метри ја закова покрај немоќниот Давид Де Хеа. Јунајтед изедначи само две минути подоцна по катастрофалната реакција на одбраната на Сити. Прво лошо реагираше Отаменди, а пота Делф со гради ја спушти топката до Маркус Рашфорд кој подарокот го искористи за израмнување на 1:1.

Новото водство на гостите дојде во 54 минута. Давид Силва изведе слободен удар уфрлувајќи ја топката во казнениот простор на Јунајтед, а Лукаку се обиде да ја исфрли топката, но погоди свој соиграч, па топката се одби до Отаменди кој како и Силва претходно од само пет метра поентираше покрај немоќниот домашен голман. Своите грешки Лукаку можеше до некаде да ги исправи во 94 минута кога со пет метри шутираше директно во голманот Едерсон, а бразилскиот голман потоа го одбрани и повторениот удар на Хуан Мата.

Ова беше втората победа на Сити во последните меѓусебни средби, а интересно е што и претходната ја остварија на гостинскиот „Олд Трафорд“. Во септември минатата година, исто така, беше 2:1.

Сити со оваа победа ја продолжи серија без порази оваа сезона, во 16 кола тимот на Пеп Гвардиола оствари 15 победи е едно реми со импресивна гол-разлика од 48:11.

Во неделата се одигра уште едно голем о дерби на англискиот фудбал, на „Енфилд“ Ливерпул и Евертон одиграа 1:1. Ливерпул во првото полувреме имаа дури 80 отсто од поседот на топката, но вистински шанси немаше сѐ до 42 минута кога Мохамед Салах стрелаше за 1:0. Тоа беше негов 13-ти гол сезонава со што е првиот стрелец во Премиершип пред напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн кој постигна гол помалку. Во самата завршница од првото полувреме Ливерпул можеше да го зголеми водството, но Сане беше себичен, и шутираше наместо да им додаде на подобро поставените соиграчи.

Продолжението на дуелот понуди иста слика. Ливерпул доминираше, но не успее да го скрши резултатот. Казната за тоа стаса во 77 минута кога Калверт Левин ѝ побегна на одбраната на „Редсите“, а невнимателно во казнениот простор го собори хрватскиот интернационалец Дејан Ловрен. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Вејн Руни, До крајот на мечот Евертон успе да го одбрани ремито.

Ливерпул моментално се наоѓа на четвртото место со 30 бодови, далеку зад клубовите од Манчестер, а третиот Челзи има 32 бода. Евертон по катастрофалната серија успеа да се стабилизира на средината од табелата, на 10-то место е со 19 бодови.

Во првиот натпревар од неделната програма од 16-то коло, Саутемптон и Арсенал одиграа 1:1. Уште во 3 минута домашната екипа поведе со голот на Чарли Остин. Саутемптон предноста ја одржуваше сѐ до 88 минута, кога Оливие Жиру со глава го постигна израмнувачкиот погодок на нафрлување од Алексис Санчез.

Арсенал е петти со 29 бодови, додека Саутменптон е на 11-ти место со 18 бодови.