Сити тешко го скрши Вест Хем

Во последниот натпревар од 15-то коло на англиското фудбалско првенство Манчестер Сити потешко од очекуваното го совлада Вест Хем Јунајтед со 2:1 и повторно има осум бодови предност пред градскиот ривал, второпласираниот на табелата Манчестер Јунајтед со кој ќе се сретне во следното коло.

Весте Хем беше на чекор до освојување на важен бод, но сепак не ги издржа налетите на Манчестер Сити и ја продолжи низата од осум натпревари без победа. Во последните четири кола откако тимот го презема Дејвид Мојес, „чеканите“ освоија сами еден бод и се наоѓаат во зоната на испаѓање.

Гостите поведоа во последните моменти од првото полувреме со голот на Анхел Огбоно. Сити изедначи во 57 минута преку Николас Отаменди, а потоа започна јуриш по целиот плен. Иако на голот на Вест Хем Адиан правеше чуда, неговата одбрана не издржа и Давид Силва во 83 минута со убав гол на асистенција од Кевин Де Брујне го постави конечниот резултат 2:1.

Во неделата беше одигран и мечот меѓу Борнмут и Саутемптон кој заврши без победник 1:1. Домашните поведоа во 42 минута со голот на Рајан Фрејзер, а изедначи Чарли Остин во 61 минута.

Сити по оваа победа има 43 бодови, а го следи градскиот ривал Јунајтед со 35 бодови, а трет е актуелниот шампион Челзи со 11 бодови помалку.

Во зоната на испаѓање се Кристал Палас и Вест Хем со по 10 бодови, а Свонски Сити на дното има 9 бодови.