Сити во финалето на Лига купот против Ливерпул

Сити во финалето на Лига купот против Ливерпул
Сити во финалето на Лига купот против Ливерпул
Екипата на Манчестер Сити обезбеди пласман во финалето на Лига купот на Англија откако во реванш полуфиналето синоќа на домашен терен го победи Евертон со 3:1 и со вкупен резултат 4:3 избори финале.

Почетокот на дуелот не навестуваше позитивен исход за „граѓаните“ откако Рос Баркли донесе водство за Евертон од 1:0 во 18.минута.

Шест минути подоцна Фернандињо изедначи на 1:1. Кевин Де Бруин откако влезе во 66.минута во 70.та донесе водство за Манчестер Сити, а најдобриот играч на дуелот Серхио Кун Агуеро во 76.минута ги постави конечните 3:1.

Финалето Ливерпул – Манчестер Сити се игра на 28 февруари на „Вембли“ во Лондон.