Спорт

Англиски Лига куп Сити во последните секунди го совлада второлигашот Бристол

Сити во последните секунди го совлада второлигашот Бристол

Во првиот натпревар од полуфиналето на англискиот фудбалски Лига куп, лидерот на првенствената табела Манчестер Сити во вторникот вечерта го победи второлигашот Бристол Сити со 2:1, а победничкиот гол беше постигнат во последните моменти од дуелот.

Четвртопласираната екипа во Чемпионшип одлично се држеше на „Итихад“, но во последните моменти од натпреварот, сепак, попушти и манчестерските „граѓани“ се изборија за минимална победа во пресрет на реваншот кој е на распоредот на 23-ти јануари.

Гостите поведоа во 44 минута со голот на Боби Рејд од пенал кој го направи Џон Стонс соборувајќи го толку Рејд. Изедначи Кевин де Брујне во 55 минута, а победата на лидерот во Премиершип му ја донесе Серхио Агуеро во втората минута од судиското продолжение.

Во втората полуфинална двојка се среќаваат Челзи и Арсенал. Првиот меч на распоредот во средата,10-ти јануари на „Стемфорд Бриџ“, а возвратниот дуел треба да се одигра на 24-ти јануаро на „Емирејтс“.