Ситуации во кои на жените не им е до секс

Во некои ситуации жените имаат ниско либидо, па тогаш е најдобро да не инсистирате на сексуален однос. Магазинот Men’s health издвојува шест ситуации што би било добро да ги знаете.

  1. Неколку дена пред месечниот циклус, на жените не им е до секс и воопшто не размислуваат за тоа;
  2. За време на бременоста жените често чувствуваат мачнина и се исцрпени, па затоа воопшто не помислуваат на секс;
  3. Пред влегувањето во менопауза жените поминуваат низ голем број промени во нивното тело, па не сакаат да имаат секс;
  4. По породувањето и за време на доењето жените воопшто и не мислат на секс, затоа што хормоните што се лачат во тој период во нивното тело го сузбиваат либидото;
  5. Кога се премногу зафатени или загрижени, либидото опаѓа и не сакаат да имаат секс;
  6. Доколку жената зема пилули за контрацепција често доаѓа до намалување на сексуалната желба.