Ситуацијата во Крим причина за нова резолуција на Парламентот за Косово

Ситуацијата во Крим е дополнителна причина за нова резолуција на Парламентот на Србија за Косово, сметаат аналитичарите, прен есува српското електронско издание „Правда“.

Според аналитичарите, Предраг Симиќ и Вук Станковиќ, резолуцијата најверојатно ќе биде прифатена, а кризата во Украина дополнително влијае на потребата од таков потег. Според Симиќ минало многу време од последната резолуција, а во меѓувреме многу работи се сменија во однос на Косово.