Сивата економија предизвикала загуби на Романија од 40 милијарди евра за една година

Сивата економија претставува 28,4 отсто од БДП на Романија во 2013 година, забележувајќи лесен пад во споредба со 2011 година, кога била пресметана на 30 отсто од БДП, според оценка на Европската Комисија, цитирана во извештајто на Советот на Европа за оценка на мерките за борба против перњето пари и финансирање на тероризмот.

На тој начин нивото на сивата економија во 2011 година предизвикало загуби на земјата во износ од 40 милијарди евра, при што таа сум останала константна и во 2013 година.

Според извештајот бројот на даночните измамиво земјата се удвоил во 2012 година, во споредба со 2008 година, од 12579 на 25586 вакви случаи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.