До сјајна и бујна коса со само една состојка!

Овој метод делува на надворешниот изглед на косата па ефектот е видлив уште по првата примена.

Денес жените имаат на располагање богата палета средства за нега на косата. И покрај тоа, тие не престануваат да бараат необични, природни начини за подобрување на нејзиниот изглед.

Така, некои користат аспирин, што е одличен сојузник, на пример, во отсранувањето на прекумерните маснотии од косата.

Аспиринот ја прави косата мека, сјајна и бујна, а голем број жени имаат позитивно искуство во стоотстотно отстранување на првутот додека го користеле.

Треба да знаете и дека аспиринот не го храни корен от на влакното, туку дека дејствува на надворешниот изглед на косата, па ефектот е видлив уште по првата примена.

Можете да го додавате и во маските за коса, така што ќе издорбите 4 до 5 таблети  во прав и ќе ги промешате со маската што вообичаено ја користите.

Постои и поедноставен начин: Земете 2-3 таблети аспирин и промешајте ги со неопходното количество шампон и со таа смеса измиете ја косата. Смесата треба да отстои нз косата  2 – 3 минути пред да ја измиете, таман колку што ви е потребно за да го измиете телото.

По ова измијте ја, па исушете ја косата и ќе бидете воодушевени од резултатите.

Овој начин на миење на косата практикувајте го еднаш неделно, а доколку вашата коса е сува, тенка, оштетена и склона на пукање, пронајдете некој друг начин на природна нега, затоа што ацетилисалната киселина од аспиринот може да ги влоши нештата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.