СЈО бара Ивона Талевска да оди во затвор

Специјалното јавно обвинителство бара новинарката Ивона Талевска да оди во затвор и да плати повисока казна од таа што и беше определена во пресудата за случајот „Тифани“. Од СЈО потврдиле дека поднеле жалба до Апелацискиот суд во врска со  пресудата и побарале јавна седница на Советот на Апелацискиот суд за случајот „Тифани“.

Талеска беше осудена на две години условна затворска казна за даночно затајување во предметот откако претходно на судењето во Основниот суд Скопје 1 призна вина. Таа нема да лежи затвор ако во наредните четири години не направи ново кривично дело. Талеска треба да плати 1.671.611 денари за персонален данок на дохот кој не го плаќала, 1.145.900 денари даночни обврски од фирмата Смарт Центар ДООЕЛ која сега е во стечај, а фирмата Смарт Груп која е во сопственост да Талеска треба да плати 1.038.698 данокот го затајувала од 2008 до 2014 година. Талеска има рок од една година да го плати данокот кој го затајувала со години и за што беше отворен случајот на СЈО „Тифани“.

СЈО  предлага обжалената пресуда да ја преиначи во ефективна затворска казна, како главна казна и повисока парична казна, како споредна казна. Исто така, за правното лице Смарт групацијата да се осуди на повисока парична казна.

Случајот „Тифани“ се однесува на што траело од 2008 до 2014 година, при што Талевска како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ за тој период одбегнала да плати даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што затаила 2.314.463 денари или 37.634 евра преку фирмите и 1.040.840 денари или 16.924 евра личен данок.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.