СЈО бара од Собранието продолжување на мандатот

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на почетокот од вчера најавената прес-конференција побара од новиот состав на Собрание да го продолжи мандатот односно периодот во кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе може да отвара истраги и да покренува обвиненија.

Јанева директно се одбрати до новото парламентарно мнозинство „да го избрише или укине членот 22 од Законот за специјално јавно обивнителство, кој предвидува рок од 18 месеци за истраги и обвиненија“.

Побараа да се избрише, измени или укине членот кој се однесува рокот за поднесување на обвиненијата и побараа да им се продолжи мандатот, бидејќи во моментов 55 отсто од азговорите коишто ги поседувале уште не се процесуираат.

Истовремено побара да се усвојат и измени на Законот за заштитени сведоци, што, како што кажа, значително ќе влијае врз работата на СЈО во позитивна насока.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.