четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 9

СЈО бара притвор за координаторот на пратеничката група на ДУИ

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, пред Кривичниот совет во Апелациионот суд денеска изјави дека првостепениот суд не ги ни разгледал приложените докази.

ejup aljimi dui

Поврзани вести

Апелациониот суд ја разгледува жалбата на Специјаното јавно обвинителство (СЈО) по неопределениот притвор на Ејуп Аљими, кооординаторот на пратеничката група на владејачката ДУИ, кој е обвинет во предметот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал.

СЈО бараше притвор за Аљими, но Основниот суд Скопје 1 – Скопје, како и во другите случаи го одби барањето како неосновано. Во образложениото од Кривичниот совет на основиот суд, беше наведено дека СЈО се сомневало дека Ејуп Аљими може да влијае на сведоците, меѓутоа судот не го прифатил тоа затоа што од исказите на сведоците не произлегло дека тој претставува закана по нив, по што му се определени мерки на претпазливост.

СЈО го обвинува Аљими дека со неговиот сопартиец, Исмет Гури, во текот на изборите во 2014 година цело време бил присутен во Општинската изборна комисија во скопската општина Чаир, со што, поради финкцијата што ја имал, можел сериозно да влијае врз членовите на комисијата.

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, пред Кривичниот совет во Апелациионот суд денеска изјави дека првостепениот суд не ги ни разгледал приложените докази.

Според Фетаи, со обвинението за Аљими и Гури биле наведени посебните околности, а од исказите на двајца сведоци сослушани во текот на постапката произлегло дека кај нив имало страв по личната безбедност. Првостепениот суд можел да определи друга мерка кога веќе не определил притвор, а тоа е забрана за контакт со определени лица, сметаат во СЈО.

Адвокатот на Аљими пред апелационите судии, пак,изјави дека нема доказ којшто би укажувал јасно на можно влијание врз сведоците. Аљими, според адвокатот Мефам Арслани, никогаш не бил во контакт со сведоците, и додаде дека со тоа е исклучена можноста за влијание.

Арслани оцени дека членството во политичка партија не претставува можност за големо влијание и побара да се потврди првостепеното решение. Ејуп Аљими, од своја страна, рече дека сака да се утврди правдата, затоа што смета дека станува збор за пардоја и вети дека до крај на постапката ќе биде присутен.

Најчитани вести