петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 28

СЈО без аргументи зошто Талески треба да остане во притвор

vladimir-taleski-2-640x360

Последни вести

Во Советот на скопска Апелација денес се одржа седница на која се расправаше по жалбата на одбраната на градоначалникот на Битола Владимир Талески да му биде укинат домашниот притвор. СЈО и денес повторно без архументи бараше продолжување на мерката.

Одбраната на Талески потенцираше дека во изминатите 60 дена Специјалното јавно обвинителство не презело ниту едно истражно дејствие, откако тој е во домашен притвор. Сите дејствија СЈО ги има преземено претходно, а периодов надлежните обвинители си ги користат годишните одмори.

Од друга страна, пак, посочи одбраната на Талески, тој редовно се јавувал на секоја покана уште пред притворот да му биде определен.

– Со кои докази се држи мојот клиент веќе 60 дена во притвор? Чудно е што само тој од сите осомничени е во притвор. Демек ќе го повторел делото? – праша адвокатот Никола Додевски.

Талeски, пак по заврувањето на седницта истакна дела целата ситуација околу овој случај е наметната.

-Ние немаме направено ништо со што сме се огрешиле пред законот. Немаме направено никаков прекршок. Апсолутно се чувствуваме супериорни бидејќи вистината е на наша страна и убеден сум дека овие луѓе во Апелација ќе ја согледаат вистината и ќе донесат права мерка. Ценам дека сето ова добива еден расплет. Сигурен сум дека наскоро ќе дознаат дека се било наместено и дека вистината е на наша страна, изјави Талески.

Специјалното јавно обвинителство и денес без аргументи бараше на Талески да не му се укинува притворот. Обвинителот Трајче Пеливанов не изнесе ниту еден контрааргумент на образоложението на одбраната што повторно јасно покажува дека сето ова е уште една политички мотивирана активност на Специјалното јавно обвинителство.

Најчитани вести