СЈО без одговор дали Јанева уплатила членарина во СДСМ

Од СЈО молчат по објавата на документ од страна на весникот „Вечер“ според којшто специјалната обвинителка Јанева во јули лани уплатила членарина на сметка на СДСМ во износ од 400 денари.

„Вечер“ објави Уплатница од 400 денари за верификација на членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на име Катица Јанева со тврдење дека членарината е уплатена од страна на специјалната јавна обвинителка Јанева.

Весникот објави копија од документот, според кој, Катица Јанева на 31 јули 2015 година уплатила членарина во СДСМ во експозитура на Комерцијална банка во Чаир. Уплатата е направена 45 дена пред политичките партии да го направат изборот на специјален јавен обвинител на 16 септември лани.

„Преку филијала на банка во Чаир, на формулар од Еуростандард банка ги уплатила овие пари како верификација на членство во СДСМ. Како примач на уплатницата е наведена партијата СДСМ со сметка во Комерцијална банка со број: 300000003699ххх. (позната на редакцијата). Адресата која ја навела под името е: “Маркс и Енгелс” бр.x-х/х (влезот и станот познати на редакцијата). Тоа е зградата во строгиот центар на Скопје, кај познатата “Палета”, односно книжарницата “Студентски збор” ако сакате“, пишува весникот „Вечер“.

2

Дека се работи за специјалната јавна обвинителка Јанева, а не за друго лице со исто име, говорат матичниот број наведен на уплатницата, адресата на живеење и своерачниот потпис. Екипа на весникот, како што се наведува во текстот, добиле потврда од жители на зградата на улицата „Маркс и Енгелс“ во центарот на Скопје дека токму на тоа место живее специјалната обвинителка. Весникот направил споредба и со потписот на Јанева од уплатницата и други документи јавно достапни документи потпишани од специјалната обвинителка и се наведува дека се работи за истиот потпис.

„Веднаш направивме компарација на јавно достапните документи на интернет, објавени од други медиуми на кој стои потписот на Катица Јанева. Потписот на оваа уплатница е ист како потписите на Јанева на еден документ за нивите со смокви во Гевгелија и потписот ставен на официјален документ од Специјалното јавно обвинителство. Потоа, излеговме на терен на наведената адреса во центарот на Скопје и разговаравме со центарци дали знаат кој живее на “Маркс и Енгелс” блок 3, дали е тоа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева?

3

– Не знам дали баш во тој стан, но да, сум ја видела тука, сведочи една од сосетките во блок 3.

– Не знам точно во кој стан, но често сум ја гледал, да, Катица Јанева живее тука, ја гледам како оди и си доаѓа после работа. Понекогаш по неколку дена ја нема, но често е тука, потврди уште еден постар жител на славниот блок 3“, се наведува во текстот на „Вечер“.

Весникот наведува дека се работи за автентични документи и пишува дека според законските прописи кои строго забрануваат членство на судии и јавни обвинители во политички партии, Јанева треба да биде разрешена од функцијата.

432099-bankata-potvrdi-katica-janeva-e-partiska-koleshka-na-zoran-zaev

Претходно весникот „Дневник“ објави членска книшка издадена во 2004 година на име Катица Јанева. На овие информациите реагираше Социјалдемократскиот сојуз со тврдење дека Јанева ниту била, ниту е член на СДСМ.