сабота, 14 јануари 2017  |  Вести денес: 21

СЈО е во функција на СДСМ, со задача по секоја цена да се одбрани Заев

СЈО дејствуваат како партиски разгранок на СДСМ. Ставени се во функција на СДСМ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за порталот Телеграф.мк.

janeva-zaev

Поврзани вести

СЈО дејствуваат како партиски разгранок на СДСМ. Ставени се во функција на СДСМ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за порталот Телеграф.мк.

Груевски вели дека СЈО за секој од случаите што ги испитуваат тргнуваат со претпоставка и цврсто убедување дека клеветите и обвинувањата од прес-конференциите на СДСМ се точни, и сега тие по секоја цена мора да ги докажат, користејќи многу често, како што вели, удбашки методи од 50-тите години на минатиот век.

Значи, нивниот пристап не е да истражат како било, дали тоа што го тврдеше СДСМ е точно или не, и евентуално во законска постапка да приберат докази доколку е точно, туку по секоја цена да се одбрани и докаже дека СДСМ бил 100 отсто во право. Таков е пристапот. Заев објави, а ние сега сме тука да го докажеме тоа, независно дали е точно или не неговото тврдење и обвинување. По секоја цена, и со сите дозволени и недозволени методи, со притисоци и закани како кон сведоците и институциите така и кон судот и судиите, и со континуирано барање помош за притисок во ист правец од претставниците на меѓународната заедница, вели Груевски.

Најчитани вести