сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

СЈО ги пречекори овластувањата: Јанева нема основа да го бара „Поткуп“ на Заев

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) не кажува врз која основа го бара од обвинителството за организиран криминал случајот „Поткуп“ во кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е обвинет за примање поткуп од 200.000 илјади евра за приватизација на земјиште кога истиот не е во нејзина надлежност оти не произлегува од прислушуваните материјали, пишува весникот „Дневник“.

„Курир“: Јанева на чело на фрегата од „титаници“ за да му помогне на Заев да не излезе на избори

Поврзани вести

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) не кажува врз која основа го бара од обвинителството за организиран криминал случајот „Поткуп“ во кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е обвинет за примање поткуп од 200.000 илјади евра за приватизација на земјиште кога истиот не е во нејзина надлежност оти не произлегува од прислушуваните материјали, пишува весникот „Дневник“.

Од весникот вчера побарале Јанева да објасни, но од таму не одговориле на нивното прашање.

Kакво образложение има СЈО ако е јасно дека „Поткуп“ не произлезе од прислушуваните разговори заради чие расветлување, всушност, е формирано специјалното обвинителство, останува непознато. Од Јавното обвинителство на РМ (ЈОРМ), пак, за „Дневник“ велат дека барањето на Јанева за „Поткуп“ е законски неосновано и затоа случајот не и е доставен. Според нив, СЈО ги пречекорило законските овластувања што му се доделени според член 5 став 1 од Законот за специјалното обвинителство бидејќи „Поткуп“ не произлегува од прислушуваните материјали, пренесува весникот.

Обвинителство за организиран криминал: СЈО нема надлежност над „Поткуп“

Обвинителството…

Најчитани вести