СЈО го бара предметот поврзан со случајот „Шпион“

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска соопшти дека доставило барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за доставување на предметот против лицето З. Б., кој неодамна беше екстрадиран од Република Србија во Република Македонија.