СЈО го покрива незнаењето и неспособноста со некултура и ароганција

Фатиме Фетаи на денешниот претрес во скопскиот суд побара од судијата да казни парично обвинето лице, кое реагираше на непочитувањето и циркузот што го правеа специјалните обвинителки на денешното рочиште.

На ова судијата реагираше дека Фетаи не го познава законот и прописите и дека обвинет не може да биде казнет. Ова наиде на реакција и од присутните во судницата, кои гласно го коментираа правното незнаење на специјалната обвинителка Фетаи.

Потоа таа повторно, заедно со својата колешка Катица Јанева, продолжија со своето циркузантско однесување во судницата, упатувајќи навредливи зборови кон судијата, па нејзино лично дисфалификување и дискредитација што беше забележано како еден преседан кој досега не е регистриран од основањето на судот, па до сега. Искусните правници, кои беа присутни, коментираа дека ова преставува прикривање на неспособност и свовиден преседан. Според нив, двете обвинителки денеска дојдоа да го прекинат распитот.