понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 51

СЈО не доставува список со ангажирани експерти и колку се платени

И покрај ветувањето на Ристоска, дека ќе ги достави листите на експерти со кои соработува СЈО, тоа не се исполнува трет ден по ред.

СЈО излажа дека ќе достави список со ангажирани експерти и колку се платени

СЈО излажа дека ќе достави список со ангажирани експерти и колку се платени

Последни вести

Специјалната обвинителка Ленче Ристоска во име на СЈО на последната прес конференција рече дека ќе достави листа на експерти со кои соработува ова јавно обвинителство. До сега на јавноста и се познати тројца експерти: Светомир Шкариќ, професор на Правниот факултет, Александар Тортевски- адвокат и Мирослав Грчев професор на Архитектонски факултет. Сите тројца имаат различна област на работење, но имаат исти политички „обоени“ ставови и иста цел кон која „стрелаат“, пишува „Курир“

И покрај ветувањето на Ристоска, дека ќе ги достави листите на експерти со кои соработува СЈО, тоа не се исполнува трет ден по ред.

СЈО не ги достави лисите и покрај тоа што од нашата редакција преку мејл им беше побарано и беа потсетени дека Ристоска најави јавно објавување на списокот на експерти.

Двајца наводни експерти кои во јавноста преку медиумите ги бранеа ставовите на опозицијата и СЈО, Светомир Шкариќ и адвокатот Александар Тортевски, се платени токму од Катица Јанева. Ристоска на пресот на СЈО и јавно призна дека тие се на планиот список на СЈО.

-Да, професорот Шкариќ и адвокатот Тортевски се, мислам дека се, ќе мора да проверам, меѓутоа мислам дека се ангажирани од ова Јавно обвинителство со тоа што детална листа за ангажирани експери ќе ви биде дополнително дадена, истакна Ристоска.

Јавноста е добро запознаена со нивните ставови, па се поставува прашањето колку овие т.н. независни експерти на СЈО се навистина независни. Изминатиов период токму Шкариќ и Тортевски беа меѓу најактивните кои по сите телевизии ги застапува ставовите на СДСМ и СЈО, напаѓајќи го ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Иванов.

Но независноста на експертите на СЈО не застанува тука. Имено последната колумна во опозицискиот Плусинфо на Мирослав Грчев, Иванов го нарекува идиот.

grcev

-Кога го прегледувам стендап комичарското шоу што Прецедникот на Македоња Вечна некни го даде на Самитот 100 во Сараево, ме обземаат амбивалентни, дури конфузни чувства. Потполно е нејасно дали на екранот гледам комедијант или малоумник, претседател или тотален идиот, пишува Грчев.

Мирослав Грчев, како професор на Архитектонскиот факултет, но и партиски функционер на СДСМ е единствениот што го изработи вештачењето за случајот ТНТ на Специјалното јавно обвинителство на Kатица Јанева против функцииoнери на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите ставови на „независните експерти“ како и одуките на СЈО да ги ангажжира истите не се ниту етички ниту морални, смета аналитичарот Александар Пандов.

-Не само што не е морално и не е етички, туку последниот пример на најдиректна корупција покажува една најдиректна безобразност и тоа каков е нивниот начин на работа. Тоа многу зборува и за  Шкариќ и за Тортевски кои што свесни дека земаат пари од таа институција најподло се претставуваат како експерти и ја замајуваат македонската јавност. Тие двајца се најдобар пример за тоа што значи да се биде платеник или во македонската јавност познати како експертутки: луѓе кои што нивната интелектуалност ја продаваат и зборуваат работи за кои се свесни дека немаат никаква врска со вистината, вели Пандов.

sjo

– На шокирање на цела македонска јавност дознавме дека и Мирослав Грчев кој што е човек за кој доволно е да се прочитаат еден или два негови текста и да закчучи дека се работи за психички нестабилна личност, а во неговата глава го има таргетирано и како главен виновник го наоѓа ВМРО-ДПМНЕ. Токму тој човек СЈО, инаку свесни и за неговата психичка и политичка природа го ангажираат за некаков експерт и вештачење. За среќа на македонската јавност сите овие примери покажуваат колку тоа специјално јавно обвинителство  е во насока на оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно ја покажува и целата оправданост на огромната недоверба на македонските граѓани кон СЈО, заклучува Пандов.

По овие скандалозни одлуки на СЈО, на јавноста не и останува ништо друго освен да шпекулира и нагаѓа дали се точни информациите дека на платниот список на СЈО се и Јован Трпеновски, Гордан Калајџиеви други професори од правниот факултет.

Најчитани вести