СЈО: Извршен е неовластен упад во електронската пошта во декември 2015

Специјалното јавно обвинителство во врска со објавеното видео на каналот you tube, а кое се однесува на електронска пошта на СЈО, соопшти дека во текот на декември 2015 година бил извршен неовластен упад во нивната електронска пошта, по што од нивна страна биле преземени сите чекори за зголемување на безбедноста на електронска пошта.

– Напоменуваме дека во тој период немавме вработено лице кое би се грижело за информатичката безбедност на електронската пошта. Настанот не беше пријавен пред надлежните органи, бидејќи во тој момент немавме никаква реална штета од упадот. Меѓутоа, со оглед дека со објавата на you tube каналот јасно е изразена целта на упадот во нашата електронска пошта, Ве известуваме дека ќе бидат преземени сите мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од СЈО објавено на нивната веб страница.