СЈО како адолесцент во развој, наместо сериозна институција доби задача да дефокусира од Тиранската платформа

Имено, тие пресот на фанфари го објавија на својот Фејсбук профил, и притоа во шифри се обидуваат да загатнат новите случаи кои се всушност нарачка од СДСМ за дефокус на јавноста од протестите од Тиранската платформа.

Очигледна е нервозата, па така Зоран Заев, кој е соочен со илјадници граѓани по улиците како резултат на Тиранската платформа која ја прифати, соочен со растечко незадоволство меѓу неговите членови и симпатизери поради таквите политики, и сериозните случаи на криманл кои се водат против него, надополнети со последниот извештај на реномираната Балкан Аналитик Груп, која струмица ја смести меѓу најкорумпираните општини во Југоисточна Европа со проценка за проневерени 100 милиони евра за 10 години.

Очигледно е тактиката за свртување на вниманието со отворање на отворање на нови случаи преку инструментот за пресметка на СДСМ со ВМРО-ДПМНЕ, СЈО. Непочитувајќи никаква пресумпција на невиност, СДСМ преку СЈО прави прес-конференции со кои врши политички отстрел и валкана и брутална политичка кампања.

СЈО не само што не дејствува по правни принципи, туку дејствува противправно. Институција со нарушен углед.