СЈО ќе поднесе 17 обвиненија за 18 предмети против 94 физички и седум правни лица

Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, или попознато како СЈО, досега покренало 17 обвиненија за 18 предмети, против вкупно 94 физички и седум правни лица, изјави во четвтокот, еден ден пред истекот на рокот за покренување обвиненија од страна на СЈО, на прес-конференција специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Покрај споменатите 17 обвиненија, обвинителката Јаневав посочи дека станува збор и за обвинението за случајот „Транспортер“ и уште две обвиненија коишто се веќе во суд. „Се работи за сериозни злоупотреби на институционалните капацитети од страна на поединци, но и на организирани групи“, рече Јанева.

„СЈО доследно го почитува начелото на транспарентност и нема да отстапи од него ниту денес. Несомнено сметам дека имаме обврска на целата јавност да ѝ овозможиме увид во она што претставува потврда на работата на СЈО“, рече Јанева и додаде дека СЈО иако било формирано на 15 септември 2015 година, „фактички работело само десет месеци“.

СЈО ќе подигне обвиненија за „Титаник“, „Таргет“, „Тврдина“, „Тенк“ „ТНТ“ „Траекторија“, „Трезор“, „Тортура“, „Тендери“, „Тарифа“, „Труст“, „Триста“, „Тотал“, „Тифани“, „Топлик“ и „Тревник“.   Засега нема обвиненија единствено во предметите „Талир“ и Табла“.

СЈО досега имаше покренато три обвиненија: за незаконско уништување на документација од системите на прислушување, за нарачано насилство во општина Центар и за случајот „Транспортер“, во кој градоначалникот на Битола се товари за злоупотреби со превозот на ученици.

Тврди дека и покрај неопходноста од соодветен временски период за истражување и докажување, резултатите од десетмесечното работење се презентирани и има обемна документација и доказен материјал. Јанева најави дека „цврсто ќе застанат пред судот“, бидејќи има оправданост на обвиненијата.

Јанева додаде дека во текот на двата преостанати дена предметите во 20 кутии со докази ќе бидат однесени во скопскиот Кривичен суд.

„Денешниот ден, ниту 30 јуни, ни 1 јули не менува ништо во фактот дека ова Јавно обвинителство има капацитет и ќе продолжи преку независни и темелни истраги за кривичните дела за кои е надлежно“, додаде Јанева.

Во однос на предметот „Талир“ за незаконско финансирање на „една политичка партија“, Јанева најави дека истрагата ќе продолжи во наредниот период, бидејќи се работи за обемен предмет. Неизвесно е, оттаму, зошто досега изостанало обвинение и дали тоа воопшто ќе биде покреанот, имајќи предвид дека тешко е да се поверува дека до петокот СЈО ќе може да го оформи.
„Истражната постапка почна пред повеќе од еден месец, беа преземени огромен број дејства, но временските рокови не дозволија преземање истражни дејства за да заврши постапката. Логично е ако некој водел незаконска кампања осум години, не може некој за еден месец да ги истражи сите дејствија што треба да им се стават на товар на обвинетите“, изјави Јанева.

Во „Талир“ се осомничени 14 високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи го и лидерот Никола Груевски за наводно нелегално финансирање на партијата и перење пари, рече Јанева.

Јанева рече дека таа и нејзиниот тим се цврсто убедени дека со судските постапки ќе докажат дека обвинетите ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар. На крајот Јанева рече дека таа и нејзиниот тим се цврсто убедени дека со судските постапки ќе докажат дека обвинетите ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар.

„Ја уверувам јавноста дека ниту денешниот ден, ниту 30 јуни, ниту 1 јули не менува ништо во фактот што ова обвинителство како независна институција има капацитет и ќе продолжи преку независни истраги во соодветни законски постапки да докаже вина кај сите осомничени“, рече Јанева.
Од СЈО најавија дека ќе продолжт да ја вршат функцијата и по 30 јуни, кога истекува рокот за покренување на обвиненија.