СЈО крие како се потрошија над 4 милиони евра

Како змија нозете Катица Јанева ги крие луѓето кои добиваат пари од буџетот на СЈО. Иако пред камерите, СЈО тврди дека работи транспарентно, сепак, висината е дека оваа институција која се финансира со парите на граѓаните повеќе од 6 месеци одбива да одговори, кои се луѓето кои се на платниот список на ова обвинителство и колку пари тоа ги чини граѓаните, пишува Пресс24.

dok1

dok2

dok3

Овие документи до кои дојде Press24 покажуваат дека СЈО поднело тужба до Управниот суд на решението на Комисијата за заштита на правото за Слободен пристап до информации од јавен карактер со кое и се наложува на Катица Јанева да му ги достави податоците на новинарот кој претходно користејќи го Законот за слободен пристап до информации од Јавен карактер ги побарал од Специјалното обвинителство.

Имено, според Решението, новинарот Александар Спасовски побарал од СЈО податоци за висината на надоместоците кои од буџетот на СЈО им се исплаќале на правни и физички лица по сите основи во периодот. СЈО одбило да ги достави податоците во законскиот рок од 30 дена, по што новинарот поднел жалба до Комисијата. Комисијата одлучила дека СЈО е должно да одговори како се трошат парите на граѓаните, по што, Катица Јанева се жалела на Управниот суд за да избегне да ги даде одговорите.

Интересно е што во Решението, Управниот суд потенцирал дека тужбата на СЈО е недозволена, односно дека Катица Јанева воопшто и немала право да го оптужи ова решение на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер бидејќи, како што пишува, „право да поведе управен спор има физичко или правно лице ако смета дека со управниот акт му е повредено некое право или непосреден интерес поврзан со закон“.

Со барањето СЈО да ги изнесе податоците кои е должен да ги објави согласно Законот не се повредува ниту едно право на тимот на Катица Јанева.
Оттука, останува дилемата, дали СЈО поради недостаток на стручност поднело тужба во ситуација кога немало право на тоа или пак, тужбата е поднесена со единствена цел, да се стави пречка на патот на граѓаните до информацијата, колку од нивните пари СЈО ги потрошило за исплаќање на разни хонорари и договори, како и тоа, за какви договори и услуги станува збор.

Ова не е ништо ново во работењето на СЈО. Од стартот на своето работење пред нешто помалку од година и половина СЈО нема објавено скоро никаква информација за тоа што се правело со парите на граѓаните иако дел од медиумите отворија сериозен простор за сомнеж дека тие биле злоупотребувани во предизборната кампања и периодот пред неа и се користеле за финансирање на активноста на политички партии.

sjo-dokumenti

Во прилог, можете да погледнете како СЈО бега од одговори на клучните прашања.

 

Датум Прашање – барање за слободен пристап до информации од јавен карактер Документ
07.07.2016 1. Електронски запис во вид на електронска копија од Договорите за соработка со секој од експертите поединечно2. Електронски запис во вид на електронска копија од Договорите за соработка со секој од ангажираните експерти и доказ за исплатени средства Преземи
29.07.2016 Копија од Договор за вршење услуги како и финансиска месечна пресметка за тоа кој од обвинителите, вклучувајќи ја и обвинителката Катица Јанева колку средства земал за секој од месеците октомври 2015 до јуни 2016 поединечно Преземи
29.08.2016 1.Податоци за сите физички и правни лица кои примиле средства од Буџетот на СЈО наменет за договорни услуги2. Колкава е сумата која секој од обвинителите ја добива како додаток на плата без да се вкалкулира додатокот за користење на службен стан Преземи
21.09.2016 Решение по Жалба до Комисијата за заштита на правото за пристап до информации од Јавен карактер со кое се укинува решението на СЈО со кое се одбива пристапот до информации и се бара од него повторно да постапи по барањето за слободен пристап до информациите од јавен карактер Преземи
30.09.2016 СЈО повторно одлучува по барањето од 29.08.2016 откако Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер го укина решението. Барањето повторно е отфрлено. 

1.Податоци за сите физички и правни лица кои примиле средства од Буџетот на СЈО наменет за договорни услуги

2. Колкава е сумата која секој од обвинителите ја добива како додаток на плата без да се вкалкулира додатокот за користење на службен стан

Преземи
21.10.2016 1. Колкави средства се потрошени за плати и придонеси за извештајниот период 15.06.2016-15.09.2016 како апсолутна бројка како и колку секој од обвинителите поединечно добил како плата2. Колкави средства добил секој од обвинителите како додатоци на плата надвор од додатоците за користење на службен стан за шестмесечниот период опфатен во последниот извештај

3. Колку средства се потрошени за договорни услуги за шестмесечниот период опфатен со последниот извештај како апсолутна бројка и детален приказ на сумите на сите договори

4. Целосна листа со имиња на сите експерти кои СЈО ги има ангажирани како и сите правни и физички лица од кои ова обвинителство барало било какви советодавни и други услуги да му бидат платени од Буџетот.

Преземи

Катица Јанева уште пред Нова Година вети дека ќе ги даде одговорите, но тоа не се случи.

Единствено што новинарите успеаа да го добијат како информација во својата едногодишна „битка“ со СЈО беа хонорарите на т.н. правни експерти на СЈО. gvcr4

Но тоа е само мал дел од сумата која СЈО ја плаќа на експерти и преку разни договори за услуги. Според податокот даден од СЈО годишно за таа немена се трошат над 80 милиони денари, а овие експерти, трошат помалку од 2,5 милиони денари на годишно ниво, што значи дека недостасуваат над 90% од средствата.

За овој проблем со кој се соочуваат новинарите во потрага по вистината, меѓународниот фактор молчи. Ниту збор од луѓето кои поддржуваат проекти преку кои се истураат огромни суми на пари за подигнување на нивото на транспарентност на институциите и општеството, иако СЈО важи за институција која добива поддршка од речи си сите амбасади во Македонија.