СЈО и натаму не открива колку експерти се на платен список и колку се нивните хонорари

Специјалното јавно обвинителство не одговара на прашањето – Кои и колку експерти се наоѓаат на нивниот платен список и за колкави суми се ангажирани, објави телевизијата Сител.

Иако во петокот најавија дека листата на соработници ќе ја достават до медиумите, обвинителите на Јанева ги игнорираат прашањата на телевизијата.

Минатата недела јавноста дозна дека со плати од 2 до 3 илјади евра специјалните обвинители се најплатени од сите во нивната фела. Хонорарите на нивните соработици го отворија прашањето дали експертите се платени за во медиумите да ја оправдуваат работата на СЈО.

Во петокот од Специјалното јавно обвинителство само потврдија дека на нивниот платен список се професорот Светомир Шкариќ и адвокатот Александар Тортевски. И двајцата се познати тоа што ги застапуваат ставовите на опозицијата и ја бранат работата на  тимот на Јанева. Тоа што СЈО се уште не ги објавува останатите имиња ги отвара дилемите: дали молкот се должи на тоа што покрај Шкариќ и Тортевски, на нивниот платен список се наоѓаат Јован Трпеновски, Гордан Калајџиев и ред други професори на Правниот факултет кои се дел од активностите на опозицијата, објави Сител.

Од Специјалното јавно обвинителство се уште нема коментар ниту за ангажманот на Мирослав Грчев кој од нивна страна е ангажиран да изготви вештачење за случајот Космос. Познавачите си го поставија прашањето –  може ли Грчев да биде професионален и објективен ако се земат предвид неговите јавни настапни и отворената подршка на една политичка партија.

Вчерашниот прилог на телевизија Сител погледнете го во продолжение:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.