СЈО не кажува дали Заев ќе биде сведок во „Монструм“

Одбраната нема да го бара премиерот Зоран Заев за сведок во Монструм. Откако Заев вчера рече дека доколку биде повикан ќе сведочи , адвокатот Насер Рауфи вели немаат намера да го повикаат бидејки веруваат дека Заев ги предал сите снимки на СЈО.

Со оглед дека не е спорна надлежноста, нема на која околност тој да биде распрашан а снимките ќе можат да се слушнат и во судница, рече Рауфи.

Од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) засега не откриваат дали на листата на сведоци за „Монструм“ ќе го додадат и премиерот Зоран Заев. Со оглед дека ова судење се води по стариот Закон за кривична постапка и судијата има право да повика сведок во судница.

Утре специјалната обвинителка Катица Јанева треба да се појави во Собранието каде на комисијата за политички систем ќе го презентира шест месечниот извештај, па не се исклучува дека и „Монструм“ ќе се најде мегу темите на интерес со оглед на тоа што деновиве партиите се обвинуваа мегусебно на оваа тема.

ВМРО ДПМНЕ се на ставот дека Заев ги излажал семејствата на убиените како и целата македонска јавност, а од неговата „вистина“ не останало ништо и прашуваат кого штити премиерот Заев со прикривање на доказите за Смилковското езеро?

Тој на срамен и подмолен начин ја искористи оваа трагедија за собирање на политички поени, а откако седна во премиерската фотелја единственото нешто што се промени е тоа што обвинетите се најдоа на слобода. Заев наместо правда спроведува туѓи платформи, соопштија од партијата.

 

СДСМ пак одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да профитиран на трагедии и побараа од партијата да ги остави надлежните органи целосно и до крај да го расветлат овој случај и сите оние кои биле вмешани во него, да се соочат со одговорност согласно законите.

 

 За ВМРО-ДПМНЕ е несфатливо дека времето кога премиерот беше и судија, обвинител и истражител заврши со заминувањето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од власт и затоа денес опозициската партија продолжува очајнички да манипулира и да си поигрува со чувствата на граѓаните, се вели во одговорот на СДСМ.

По сомнежите на родителите на убиените момчиња, кои повикаа да се изврши претрес во Сдсм и Заев да биде стражарно доведен во судот за да ја каже вистината, премиерот вчера рече дека доколку биде повикан ќе сведочи и уверуваше дека сите снимки ги предал на СЈО. Потврди дека на родителите им покажал разговири но тврдеше дека обвинетиот Азири и екс градоначалникот на Гостивар, Бејта, разговарале за земјоделски субвенции од 450 евра.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.