СЈО отвори два нови случаи „Топлик“ и „Тендери“

„Топлик“ и „Тендери“ се двата нови случаја на Специјалното јавно обвинтиелство кое денеска ги објави на прес-конфернција обвинителката Фатиме Фетаи.

Таа појасни дека инволвираните сториле кривични дела со кои директно го оштетиле Буџетот на Република Македонија и ги повредиле обврските од Законот за јавни набавки.

Предметот „Топлик“ се однесува на продажбата на градежната парцела за изградба на резиденцијалната населба „Сончев град“.

– Во првиот предмет од 03.04.2007 до 18.02.2013 годоина  во Скопје првоосомничениот како раководно лице од Министерството за транспорт и врски и пет службени лица на Комисијата за јавни наддавање како соизвршители ја злоупотребиле службената положба и нанеле штета на Буџетот во износ од 64.201.839 денари или 1,044 милион евра, појасни Фетаи.

Предметот „Тендери“ се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.

Фетаи појасни дека од прибавениот доказен материјал постои основано сомнение дека од 14 јуни 2011 година до 31 декември 2013 година во Скопје првоосмничената како раководно службено лице од Министерството за култура и тројца осомничени членови од Комисијата за јавни набавки во ова Министерство ги искористиле службените овластувања правното лице Бетон – Штип обезбедувајќи негово фаворизирање за завршни градежни работи на Музејот.

На денешната прес-конференција не присуствува специјалната јавна обвинителка Катица Јанева,која како што рече Фетаи, е во УБК.

Во врска со случувањата во УБК, обвинителката Ленче Ристовска рече дека СЈО прибавило две судски наредби. Едната, како што рече, била за одземање службена документација од УБК која се однесува на сите издадени истражни мерки во врска со следење на комуникациите, а другата е наредба за претрес на комјутерски систем и компјутерски податоци.

– Дозволено е да се изврши претрес на систем и податоци кои се круцијални за нашата работа. Податоци врз основа на кои може да се утврди кои се броеви биле следени. Се работи за два система од кои треба да се извлечат. Едниот е главниот во УБК, а другиот е помошен, рече Ристовска.

Таа изрази загриженост што државна инститиуција бара изговори да не спроведе судска наредба. Ристовска рече дека нивни истражители отснуваат во УБК и вршат увид во материјалите. Истакна дека и натаму се соочуваат со проблеми, посочувајќи оти изутрината нивните истражители и обвинители приврмено биле оневозможени да влезат во МВР и да ги замента своите колеги кои ноќта ја минале во УБК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.