СЈО поведе истрага за превозот на ученици во Битола

Специјалното јавно обвинителство најави нова истрага „Транспортер“против 22 лица која се однесува на превозот на ученици во Општина Битола, а меѓу нив е и градоначалникот на општината, В.Т.

Како што истакна обвинителката од  Фатиме Фетаи, предметот бил преземен од Основното јавно обвинителство – Битола и дека од прибраниот доказен материјал СЈО има сериозни уверувања дека е сторен криминал со што е оштетен буџетот на Р. Македонија за околу 360 000 евра за две учебни години.

Утврдена била злоупотреа на служнеба дејност на градоначалникот  и претседателот на комисиата за јавни набавки и сопственик на книговодствено биро што ги водело тендерите за јавна набавка.

Во излагањето на обвинителката беше посочено дека се изршени се 81 дејствие. Од  страна на управителите на правни лица превозници и директорите на средните и основните училишта биле склучени договори за суми значително повисоки од износите понудени и прифатени во јавната набавка. Исплатени се фактури врз основа на склучен догоовр меѓу општината, училиштата и превозникот, со цена различна од онаа изгласана од Советот на општина Битола.

До судот се предложени мерки против имотот на осомничените и против имотот на градоначалникот, бидејќи помилувањето на претседателот не ја опфаќа и штетата која треба да ја надомести градоначалникот.

На прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство присуствуваат повеќе странски дипломатски претставници во земјава, меѓу кои и амбасадорите на Германија, Велика Британија и на Италија, Кристине Алтхаузер, Чарлс Гарет и Ернесто Белели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.