СЈО: Прифативме меѓуинституционална оработка со ОЈО за Крпач

Специјалното јавно обвинителство во денешното соопштение до медиумите информира дека Основното јавно обвинителство Скопје по повод предистражната постапка во рамки на која се испитуваат околностите под кои настапила смртта на Коста Крпач се обратило до СЈО со барање за меѓуинституционална соработка.

Од СЈО го прифатиле барањето за соработка, но посочуваат дека од ОЈО Скопје изостанува повратна професионална соработка.

СЈО постапувајќи согласно законските одредби го прифати барањето за меѓуинституционална соработка и до ОЈО Скопје достави допис со кој сподели податоци кои можат да придонесат во расчистување на околностите под кои настапила смртта на Коста Крпач. Сепак, информациите и списите кои беа барани, а кои не се поврзани со испитување на околностите под кои настапила  смртта на Коста Крпач, не се споделени со ОЈО Скопје, бидејќи се дел од предистражна постапка пред ова Јавно обвинителство која е во тек, се вели во соопштението од СЈО.

Од СЈО укажуват дека иако го прифатиле барањето за меѓуинституционална соработка и во целост соработуваат со ОЈО Скопје, за жал од страна на скопското обвинителство отсуствува  целосна и професионална соработка.

Иако до ОЈО Скопје имаме испратено барања за меѓуинституционална соработка, до сега немаме добиено никакви податоци по повод нашите барања и не ни се доставени копии од казнените списи кои сме ги побарале, иако член 81 од ЗКП јасно го предвидува ова право. Истовремено ве известуваме дека согласно член 9, став 9 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, сите тела за спроведување закони, согласно Законот за кривична постапка, се обврзани да обезбедат помош по барање на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, поради што очекуваме во иднина ОЈО Скопје да постапува во целост согласно споменатите законски одредби, се наведува во соопштението од СЈО.