СЈО продолжиле да постапуваат по предметите и покрај одлуката за аболиција

SJO

Специјалното јавно обвинителство не ја испочитувало одлуката за аболиција од страна на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и продолжиле да постапуваат по предметите. Ова го призна денес на прес-конференција обвинителката Ленче Ристовска.

Ристовска призна дека СЈО немало никаков застој по предметите откако претседателот Иванов донесе одлука за аболиција. СЈО ја игнорирало одлуката и не изготвило решенија за престанок на постапките.

Специјалното јавно обвинителство во моментов води 7 истражни постапки за 60 лица, а нивниот број е во континуиран пораст, соопшти денеска портпаролот на СЈО на прес-конференција.

Овие постапки, како што рече таа, се фокусирани на финансиски истраги за кои треба определен временски период за да може да се извлечат заклучоци, а целта е да се покаже дека криминалот не се исплати и оние кои го прекршиле законот нема да одговараат само кривично, туку ќе има и материјална казна, односно ќе им биде одземена материјалната корист.

СЈО, повторно во нивниот препознатлив стил прејудицираат дека има криминал. Повторно ја заборавија пресумпцијата на невиност, односно основната задача на обвинителството да докаже дали имало или немало криминал. Наместо тоа, Ристовска прејудицира дека криминал имало и тој не се исплател.