недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 52

СЈО во функција на СДСМ пред локалните: Се заканува на членови на ВМРО-ДПМНЕ со цел да ја оцрни партијата

СЈО делува исклучиво политички а не врз основа на правото, смета аналитичарот Александар Даштевски.

425638-otkrieni-planovite-na-sdsm-i-sjo-za-potrebite-na-izborite

Последни вести

Повикувањето на партиски членови и симпатизери на ВМРО – ДПМНЕ на информативни разговори во СЈО е дел од кампањата на СДСМ за претстојните локални избори, сметаат политичките аналитичари. Ваквите постпаки на СЈО немаат никаква допирна точка со правото, а ниванта цел е да се нанесе политика штета на ВМРО-ДПМНЕ, смета универзитетскиот професор и аналитичар, Александар Даштевски.

Александар Даштевски

Александар Даштевски

„Ова што го прават нема никакви допирни точки со правото, затоа што се повикуваат чесни граѓани на разговори во СЈО, кои никогаш во животот не се судриле со Законот и немаат направено никакво прекршок, се со цел да се заплашат пред локалните избори и доколку не дадат изјави дека им биле дадени пари да ги уплатат во партија или за партиски цели им се закануваат со поведување на постапки против нив. Тоа е апсолутно противзаконски, меѓутоа целата јавност веќе виде СЈО делува исклучиво политички а не врз основа на правото, смета аналитичарот Александар Даштевски.

Тој смета дека нема ништо спорно во тоа што членови на ВМРО-ДПМНЕ донирале пари за партијата, поради тоа што не се надминати законските лимити за тоа колку еден граѓанин може да донира за одредена партија.

„Она што е спорно и што треба Основното јавно обвинителство да го истражи е од каде им се партите на Шарените револуционери и на членовите на СДСМ кои наменски уплаќаа средства на партијата пред изборите за политичка кампања. Сметам дека треба и тоа да се испита затоа што се работи за слична ситуација. Тоа што средствата биле уплаќани пред изборите укажува на тоа дека истите служеле за изборната кампања, а видовме и извештаи кои покажуваа дека незаконски се потрошени пари“, посочува универзитетскиот порофесор.

СЈО во случајот, според Даштевски, само одлучува кого ќе повика на разговор и смера смета дека до СЈО доаѓаат списоци од страна на некој Центар за тоа кои граѓании да се повикаат и да се заплашуваат.

„Тоа се случува година и половина наназад – се малтретираат обични граѓани, за да се постигнат одредени политички цели, во конкретниот случај да се делува врз нив да не излегуваат на гласање на локалните избори за својата матична партија“, посочува Даштевски.

Тој очекува дека ваквите повици на членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ на разговори во СЈО ќе продолжат се до локалните избори.

„Веќе е премногу евидентно дека СЈО отворено делува како политички орган и исклучиво делува за потребите на СДСМ во пресрет на локалните избори. Тие политички делуваа и за парламентарните избори држејќи прес конференции исклучиво во интерес на изборите, по што беа неактивни цел месец се додека не се повлекоа противзаконски од предметот „Пуч“ иако веќе имаше обезбедено докази од страна на ОЈО и мораше да го процесуираат предметот“, вели Даштевски.

Со сличен став за дејствувањето на СЈО е и Мане Јаковлевски. Тој на својот Фејсбук профил напиша: „Очигледно е дека целта на некои структури е да се обидат да го скршат ВММРО-ДПМНЕ за да можат да ја скршат Македонија. Треба да знаат дека секој оној кој се обидел да го скрши ВМРО завршил самиот скршен. Така било и во минатото, така е и сега, а така ќе биде и во иднината. ВМРО е Македонија, народот е мудар и нема да го победат“,смета Јаковлевски.

Голем број граѓани денеска преку протест во Охрид го изразија своето незадоволство поради тоа што обични граѓани, симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ деновиве биле повикани на распит од страна на обвинителите од СЈО поради тоа што донации што тие дале за партијата се сметале за кривично дело.

Најчитани вести