недела, 1 јануари 2017  |  Вести денес: 20

ШК „Алкалоид“ со меѓународно засилување за Европскиот Клупски Куп 2016

Најуспешниот клуб во шаховската историја на Македонија ШК „Алкалоид“, амбициозно се подготвува за најсилното клупско шаховско натпреварување – Европски Клупски Куп (European Club Cup), кое оваа година ќе се одржи во ноември во Србија. После успехот со делба на петтото место минатата година, ШК „Алкалоид“ продолжува со несмалени амбиции и за 2016 година.

Шаховскиот клуб „Алкалоид“ со меѓународно засилување

Шаховскиот клуб „Алкалоид“ со меѓународно засилување

Поврзани вести

Најуспешниот клуб во шаховската историја на Македонија ШК „Алкалоид“, амбициозно се подготвува за  најсилното клупско шаховско натпреварување – Европски Клупски Куп (European Club Cup), кое оваа година ќе се одржи во ноември во Србија. После успехот со делба на петтото место минатата година, ШК „Алкалоид“ продолжува со несмалени амбиции и за 2016 година.

Во составот на „Алкалоид“ покрај најдобрите македонски шахисти, ќе се борат и четворица од топ 50 на светската рејтинг листа, кои ќе настапат и на екипниот Шампионат на Македонија, од 08 до 14 август, во Охрид. Сите странски играчи, во изминатите години веќе биле дел од составот на ШК„Алкалоид“, а со тоа на одличен начин се одржува тимскиот дух во екипата:

Павел Елјанов – стандарден член на Украинската шаховска репрезентација со која има освоено две олимписки злата; во 2015 година на Светскиот Куп низ систем на меѓусебни елиминации од 128 учесници на стартот стигна до полуфинале, во кое беше поразен од победникот на турнирот, два пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2009 и 2010).

Дмитриј Андрејкин – член на Руската шаховска репрезентација; Светски јуниорски првак за 2010 година и Шампион на Русија за 2012 година, два пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2009, 2010), три пати (2008, 2012, 2015) златен медалза индивидуален резултат на Европски Клупски Куп.

Дмитриј Јаковенко – член на Руската шаховска федерација; Европски шампион за 2012 година; Светски јуниорски првак до 18 години во 2001 година; Првак на Европскиот екипен шампионат за 2007 година и носител на сребрен олимписки медал за 2012 година, два пати златен медал за индивидуален резултат на Олимпијада (2008 и 2012), два пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2005, 2006).

Јуриј Криворучко – член на Украинската шаховска репрезентација; Шампион на Украина за 2013 година и континуирано член на ШК „Алкалоид“ во последниве 5 години, минатата година бронзен медал за индивидуален резултат на Европски Клупски Куп.

Покрај најсилен шаховски клуб во Македонија, ШК „Алкалоид“ претставува и главен столб на државните репрезентации. Под спонзорство на „Алкалоид АД“ Скопје, клубот функционира континуирано цели 40 години, имплементирајќи го корпоративниот начин на функционирање по примерот на компанијата. „Алкалоид“ со текот на годините изгради моќен и препознатлив шаховски бренд во европски рамки, со долгорочна стратегија за развој и максимална ориентираност кон меѓународната сцена.

Најчитани вести