Скандал: И главен инспектор и сопственик на градежна фирма (фото)

И хаусмајстор и главен инспектор и сопственик на градежна фирма.  По се изгледа на мега-скандалот со хаусмајсторот во општина Центар Кочо Стојковски, нема крај. Порталот „Пресс 24“ објавува нови документи од кои се гледа дека екс хаусмајсторот, а сега главен инспектор во општина Центар, истовремено е и сопственик на градежната фирма СПЕЦИЈАЛ ГРАДБА ДООЕЛ од Скопје.

press241

На документите во Централниот регистар може лесно да се најде неговото име. Порталот нагласува дека се уште нема информации, дали оваа компанија имала некаква соработка со општина Центар и дали истата се јавува како инвеститор на некоја зграда во оваа општина.

Сепак, фактот дека главниот инспектор истовремено е и газда на фирма која е регистрирана за изградба на станбени и нестанбени објекти е скандал са по себе, особено ако се знае дека токму тој ги издава дозволите за градба во општината каде станбениот простор се продава по највисока цена, пренесува порталот.

press242

Инаку, утрово Press24 утрово објави фотографии добиени од читатели кои што тврдат дека Стојчевски е сопственик на автомобил Ауди А5 вреден најмалку 40.000 евра .

hausavto

Инаку Кочо Стојчевски и стана познат на македонската јавност поради скандалозното унапредување за десет позиции. Медиумите веќе објавија дека тој неколку месеци лажно се претставувал како инспектор. Уште во октомври и ноември тој работел како општински инспектор иако Жерновски решението му го дал на крајот на 30 декември 2014 година. Со тоа, Кочо Стојчевски направил кривично дело „лажно претставување“ кое се гони согласно Кривичниот законик и за кое се добива затворска казна до 1 година.

dokumentpress244

Но, тука не завршува скандалот со хаусмајсторот на Жерновски. Освен што Кочо е и главен инспектор и сопственик на градежна фирма, неговото семејство очигледно е омилено кај градоначалникот Жерновски и СДСМ.

Освен унапредувањето од хаусмајстор во главен инспектор, општина Центар ја назначила и сопругата на Кочо Стојчевски, Домника, за член на Управниот одбор на Јавната установа Детска градинка „Кочо Рацин“, пишува Пресс 24.

domnikaaaa

 

Повеќе за овој мега-скандал на следниот линк.