ВИДЕО: Скандал на прес-конференција на Кери – „Вие ја создадовте ИД!“

Посетата на државниот секретар на САД Џон Кери во Италија беше проследена со скандал, откако на заедничката прес конференција со италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилиони, една жена во публиката почна да вика: Вие сте тие што го создадовте Даеш!, пренесува „Раша тудеј“.

Прес конференцијата била при крај кога жената отстапила од публиката, а нејзината глава била покриена со црн превез.

Вие сте тие што го создадоа Даеш, им викнала жената на двајцата високи политичари и притоа го искористила другото име за терористичката организација позната како Исламска Држава, пренесува италијанската телевизија РАИ.

Жената по ова била изнесена од салата од страна на италијанската полиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.