Скандал: Македонија гори две недели, а Заев и Шекеринска вечераат со Каракачанов

Македонија буквално гори веќе 13 дена, при што опустошени се илјадници хектари шума, со неколку стотици илјади дрвја, домови и инфраструктура, а премиерот Зоран Заев и неговата министерка за одбрана Радмила Шекеринска безгрижно вечераа со бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов во еден од елитните скопски ресторани, пишува порталот Курир.

Според последните информации, сѐ уште гори кај Македонски Брод, каде во село Требовље изгореа неколку куќи. Пожар има и кај село Орман, во непосредна близина на Скопје, а пожарите се приближуваат кон Волково. Огнот се заканува на куќите во Кучково и Никиштани.

Службите информираат за изгорени бандери и далекуводи, дека одредени села останале без снабдување со електрична енергија.

Но додека жителите на споменатите места во паника, а некои од нив и се евакуираат, премиерот Зоран Заев и Радмила Шекеринска вечераат во „Воденица“ со негаторот на македонскиот народ и бугарски националист Красимир Каракачанов, пишува во средата Курир.мк

„Жителите на овие места се оставени од македонската влада со 26 министри, на чело со министерството за пропаганда на Роберт Поповски. Додека Заев и Шекеринска вечераат во луксузни ресторани, граѓаните се оставени на цедило. Народот сам се спасува и сам ја носи маката на целата неспособна гарнитура“, пишува Курир.

Сега кога горат стотици илјади дрвја и цели планини, се забележува уште во написот, ги нема паркобраните, ниту дежурните еколози и платените НВО милионери.

„Целосен молк владее од сите оние кои до вчера жестоко се бунтуваа против претходната власт. Каде се паркобраните на СОРОС кои жестоко се противеа за изградба на легална црква во општина Центар и сечењето на пет стари дрва, сега да реагираат кога гори во Македонија? Истите оние соросови активисти, кои себеси се нарекуваа ‘Паркобрани’ и кои наводно се залагаа за зачувување на дрвјата и зеленилото, сега ги нема никаде да излезат со било каква реакција“, се заклучува во текстот на Курир.мк.