Скандал: Меси перел пари и им плаќал на играчите да играат во неговиот тим

Фудбалерот на Барселона и аргентински репрезентативец Лајонел Меси им плаќал на играчите од други тимови да играат за неговиот тим на хуманитарните натпревари.

Германскиот весник „Шпигел“ дошол до имеилот што Аргентинецот на 15-ти јануари годнива му го испратил посредно на фудбалерот на Баерн Роберт Левандовски. Тој му понудил пари да игра на натпреварот „Меси и пријателите“ против „Светот“. Натпреварот требало да се одигра во Лос Анџелес но на крајот бил откажан.

Компанијата „Спортс имиџ“, која е во сопственост на Гилермо Марин еден од советниците на Меси му понудила на Левандовски 250.000 долари за два натпревари.

– Нашата понуда вклучува два авионски билети за работна класа, сместување во хотел со 5 ѕвездички и надоместок за трошоците, пишувало во имеилот кој му бил испратен на менаџерот на Левандовски Маик Бартел.

Овој меил бил испратен и на адресите на Серхио Агуеро, дидије Дрогба, Златан Ибрахимовиќ, Цеск Фарегас и Антонио Касано.

Бартел потврдил дека ја добил понудата за Левандовски, но истакнал дека истата ја одбил. Тој тврди дека потоа следувало малтретирање.

-Стигна уште еден меил во кој се бара договорот што побргу да биде потпишан. Следуваа бројни телефонски повици од Аргентина 10 дена пред натпреварот, а потоа растеше и паричната понуда за Левандовски, изјавил Бартел.

Германското обвинителство тврди дека Марин на овој начин перел пари. Шпанското обвинителство веќе истражува неколку случаи за перење пари и затајување данок на некои хуманитарни натпревари. Постојат сомненија дека се работи за повеќе од милион евра.