Скандал на фестивалот „Охридски трубадури“

Скандал на фестивалот „Охридски трубадури“
Скандал на фестивалот „Охридски трубадури“

Скандал на фестивалот „Охридски трубадури“, пишува „Вест“, поради грешките што ги направила  водителката Вера Јанковиќ. Имено, таа си заминала, а директорот Копров, посочил дека и покрај огромните грешки на Вера, кои оставиле дамка на Фестивалот, тој џентлменски ќе го испочитувал договорот.

Според Копров, Вера добила дел од хонорарот, а остатокот ќе го добие на жиро-сметка во Скопје. Копров го платил таксито на Вера од Скопје накај Охрид, а за враќање обезбедил превоз, кој таа не сакала да го прифати.

Фестивалот течеше на високо ниво, се додека Вера не прескокна четири члена од жирито. Луѓе што се спонзори, пријатели на „Охридски трубадури“ и внимателно ги следеа тие песни, не добија право да гласаат затоа што Вера, едноставно, не ги прочита, ме засрами пред луѓето. Потоа направи уште една огромна грешка. Наместо за победници да ги прогласи Влатко Илиевски и Јелена Ѓуриќ, таа ја прочита Елена Петреска која го освои третото место. Вера, како некој што е долго во оваа работа, треба да знае што значи евровизиски начин на гласање, а не да чека од нас да објаснуваме. Ако не знае, можеше да праша. И покрај с, таа нејзиниот хонорар ќе го добие. Таксито за неа и за нејзиниот тим од Скопје до Охрид го плативме, а за назад обезбедив превоз, кој не сакаше да го прифати. Таа беше одлична, а на крајот не знам што се случи”, изјавил Копров за „Вест“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.