Скандал на изборот на Мис на Македонија

Македонија оваа година нема да има своја претставничка на светскиот избор за убавина „Miss World“ кој ќе се одржи на 14 декември во Лондон. После двата претходно неуспешни избори, едниот на 31 октомври, а другиот на седми ноември и денеска наместо да се избере најубавата Македонка во скопската дискотека „Театро“, повторно се случи скандал, објави Телеграф.мк.

Главната организаторка Лидија Велковска на средина од вечерта на сите присутни, вкучувајќи и го жирито, помагателите и девојките пријавени на изборот им соопшти дека сепак ова ќе биде уште еден кастинг за „Мис на Македонија“.

Таа изненадена од негодувањата на присутните, само климаше со главата и се обидуваше да се оправда за настанатата ситуација.

Повеќе на Телеграф.мк