Скандал на концертот на Мирослав Илиќ

Долгонајавуваниот целовечерен концерт на Мирослав Илиќ и Адил, кој се одржа синоќа во скопската арена Борис Трајковски, не помина онака како што сите очекуваа.

Според информациите кои ги добивме од оние кои присуствувале на концертот, и покрај тоа што било најавено дека Мирослав Илиќ ќе пее цели четири часа, тој пеел само еден час. Присутните велат дека Илиќ бил во чудна состојба, односно според нивните претпоставки, познатиот српски пејач бил под дејство на алкохол.

Тие додаваат дека тој само што излегол на сцената, паднал, па морале музичарите да го креваат.

„Концертот воопшто не помина онака како што очекувавме, Мирослав искочи на сцената и падна, потоа мораат да го креваат бидејќи не можеше сам да стане. Требаше да пее цели четири часа, така беше најавувано насекаде по медиумите, но тој не беше во состојба да го издрши тоа“, вели за НетПрес една од посетителките на концертот.

Поради непрофесионалната организација, постителите почнале да си заминуваат околу 23 часот од арената Борис Трајковски.

Концеротот започнал со еден час задоцнување, а прв настапил Адил кој пее два часа и бил исвиркан од публиката.