Скандал на натпревар од германскиот фудбалски куп – судија погоден со запалка

Судијата Петерсон помина со полесни повреди откако беше погоден со запалка во главата

Имено, во 71-та минута од средбата главниот арбитар Мартин Петерсон беше погоден со запалка во главата. Ударот не делуваше којзнае колку сериозно, но судијата Петерсон одлучи дека натпреварот треба да биде прекинат, по што двата тима се повлекоа во соблекувалните.

Практика во вакви ситуации е домашниот тим да ги загуби бодовите, односно победата би требало да му биде доделена на Лајпциг.

Мотоциклист пукал кон автобусот на Херта

Ова е втор инцидент за кратко време во Германија, откако во неделата беше пукано во автобусот на Херта, инцидент кој за среќа помина без повредени.

Во моментот на пукањето, во автобусот бил само возачот, кој за среќа не бил повреден
Во моментот на пукањето, во автобусот бил само возачот, кој за среќа не бил повреден

Од тимот објавија дека човекот што пукал кон нивниот автобус бил на мотор. Пукањето се случило во Билефелд, каде Херта гостуваше во рамките на германскиот Куп. За среќа немаше повредени по инцидентот, а можеби олеснителна околност е тоа што во автобусот немало никој освен возачот.

Автобусот патувал од хотелот каде биле сместени фудбалерите кон стадионот на Арминија Билефелд да ја собере екипата по тренингот. За среќа возачот само се исплашил и овој бизарен инцидент завршил без повреди.