вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 61

СКАНДАЛ: Нимиц на Грците им порачал дека САД не требало да не признааат под уставно име?

nimic

Последни вести

Признавањето на уставното име на Република Македонија од страна на САД во 2004 та било грешка, тврдел специјалниот посредник на ОН за името Метју Нимиц на средба со претставници на грчката дијаспора од САД, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.
Скандалозните ставови на медијаторот ги открива текстот во грчкиот весник Kontra News посветен на глобалната кампања на грчката пан-македонска организација во САД со цел администрацијата на Барак Обама да ја повлече одлуката за признавање на нашето уставно име. Американско-грчката организација чиј почесен претседател е американскиот архиепископ Димитриос, веќе некое време собира потписи во рамките на интернет петиција, но и наводни аргументи во полза на нивното барање со чија помош периодов планираат интензивирање на кампањата.
2
“Во пресрет на претстојните претседателски избори во САД, пан-македонската организација му пристапува на прашањето со релевантна посветеност. На неодамнешниот состанок меѓу г-динот Хаџи ( Претседател на организацијата ) и други претставници на пан-македонското движење со специјалниот медијатор за разликите за името на Скопје, г-динот Метју Нимиц ја призна грешката на Џорџ Буш, а и високи претставници на американската политиката денес го признаваат погрешниот чекор од 2004 та, правдајќи се дека биле под илузија дека ќе го олеснат постигнувањето на спогодба меѓу двете држави…”, пишува Kontra News.ж
2
Медијаторот Нимиц своевремено беше првиот претседател на невладината Center for Democracy and Reconciliation in Southeast Europe со седиште во Солун. Клучниот проект на оваа организација почнат уште во 1999 година, а актуелен и денес, е  “Проектoт за заедничка историја”  чии финансиери меѓудругите, се Сорос и УСАИД. Проектот ја претставува основата на целокупната активност на оваа НВО и во негови рамки се прават напори за менување на начинот на кој што историјата се учи во училиштата ширум Балканот, преку обезбедување на материјали и осигурување дека тие ќе се користат.

Најчитани вести