понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 49

Скандал со прислушкувани разговори на политичари во Косово

Косовскиот портал Инсајдер соопшти дека поседува повеќе од илјада телефонски разговори на Адем Грабовци од 2011 година кои го докажуваат неговото влијание во врска со вработувањето во високи државни институции. Тие разговори со денови се објавуваат на порталот.

adem-grabovci-640x360

Последни вести

Шефот на парламентарната група Демократска партија на Косово, Адем Грабовци, потврди дека поднел оставка на таа позиција, а радикалното опозициско движење Самоопределување вели дека тоа не е доволно и бара итно апсење на претседателот Хашим Тачи и претседателот на парламентот Кадри Весељи.

Грабовци објасни дека оставката ја поднесе затоа што последните неколку дена неговото име било спомнувано во лош контекст, што влијаело на неговиот политички и човечки авторитет.

-Сигурно е дека тоа создало непријатен амбиент во јавното мислење, во институциите, во Демократската партија и кај мене самиот. Поради морални и политички реакции и заради можноста на адекватно и законско третирање на случајот кој ја допре мојата приватност, но и политичкиот и личниот авторитет, поднесов оставка како претседател, наведе Грабовци за Радио Слободна Европа.

Косовскиот портал Инсајдер соопшти дека поседува повеќе од илјада телефонски разговори на Адем Грабовци од 2011 година кои го докажуваат неговото влијание во врска со вработувањето во високи државни институции. Тие разговори со денови се објавуваат на порталот.

Порталот тврди дека Грабовци ги координирал сите незаконски активности во партијата, дека вработувал стотици луѓе, бирал членови од различни совети, директори на претпријатија и независни агенции.

Државното обвинителство моментално ги анализира транскриптите, а доколку се пронајдат елементи за кривично дело, обвинителството ќе покрене истрага за случајот, се вели од обвинителството.

Но радикалното опозициско движење Самоопределување смета дека ова не е крај, иако Грабовци се изјасни како виновен.

Тие истакнуваат дека сега оставки треба да поднесат шефовите на криминалната група Тачи и Весељи.

Во соопштението на Самоопределување се наведува дека оставката на Грабовци признание на вината и дека е вмешан во организиран криминал и корупција.

-На почетокот се обиде да побегне од притисокот на јавноста, но под притисок на управата и јавноста мораше да ги признае своите недела, се вели во соопштението.

Самоопределување констатира дека оставката на Грабовци од позицијата шеф на парламентарната група не е доволна, зашто како што самиот признава, тој е извршителот кој прима наредби од Тачи и Весељи.

-Народот на Косово не е задоволен со оставката на извршителот, па бара итно апсење на Тачи и Весељи, се вели во соопштението на Самоопределување, кое го пренесоа косовските медиуми.

Најчитани вести