Македонија

Скандал: Прво па машко, Јанева за обвинител во специјалното обвинителство го предлага кумашинот на адвокатот на Заев

Скандал: Прво па машко, Јанева за обвинител во специјалното обвинителство го предлага кумашинот на адвокатот на Заев

Кумашинот на личниот адвокат на Заев и адвокат на СДСМ, Филип Медарски, Гаврил Бубевски, е еден од главните во тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева, пишува „Денешен“.

Со ваквиот нејзин избор и предлог се доведува во прашање нејзината неутралност, како и се фрла сериозен сомнеж во непристрасноста во нејзиното одлучување која треба токму да утврдува и работи по незаконско прибавените материјали и случајот на бомбите на Заев.

Иако некои мoжеби на почетокот се посомневаа дека Јанева е неутрална со секој нејзин чекор кој се прави, во периодот што следуваше се откриваат причините зошто СДСМ ја предложи да биде Катица Јанева специјален обвинител.

Кумашинот Бубевски ќе обвинува, а кумот Медарски ќе брани.

Но освен кумашинот на Филип Медарски, Гаврил Бубевски целата останата потесна фамилија Медарски е длабоко инфилтрирана во македонскиот судски систем.

Имено, Елица Медарска, мајка на адвокатот на Заев и СДСМ, Филип Медарски, е обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Софија Медарска претходно Спасова, пак, сопруга на Филип Медарски е судијка во скопскиот Основен суд 2. Софија е ќерка на Ристе Спасов, секретар на судот, потсетува порталот.

Значи, по логиката на нештата, мајка му на Медарски обвинува, а неговата сопруга пресудува. Сестрата на Филип Медарски, пак, Ана Медарска Лазова, работи на прием на тужби за Република Македонија во Стразбур.  Од ова произлегува дека најтесното семејство на адвокатот на Зоран Заев, сега засилено со неговиот кумашин во тимот на Катица Јанева е одлично распоредено во македонскиот правен систем и дели правда.

Иако Заев декларативно изјавува дека не верува токму во тој систем, тој со секој чекор преку цврсто јакнење на непотизмот и партиските интереси користи прилика да го узурпира секој дел од судскиот систем.

Со ваквите и слични предлози на Катица Јанева, прави и груба повреда на Законот за обвинители кој треба да обезбеди непристрасна и независна работа на Обвинителството, нешто што се доведува во прашање.

Ваквиот случај е пример за конфликт на интереси спротивно на законските прописи и членовите на Законот за Јавно обвинителство. Во конкретниот случај ќе има своевиден парадокс. Кумашинот Бубевски ќе обвинува, а Филип Медарски ќе го брани Заев.

Ако Катица Јанева не го почитува законот за вакви работи се поставува дилемата што останува со неговото понатамошно спроведување и почитување. Полека, но сигурно со ваквите чекори Специјалното Обвинителство станува маша во рацете на СДСМ, објави „Денешен“.