Нов скандал: Ременски продолжува да ги крши законите

Покрај тоа што новата министерка ги доведе во заблуда останатите најавени гости на свеченото отварање на детска градинка, најголем скандал е што дозволи да се отвори градинка која не ги исполнува условите согласно Законот за заштита на децата.

За да се отвори една јавна општинска установа – детска градинка потребно е истата да исполнува условите согласно чл.100 од Законот за заштита на децата, и тоа ако е обезбеден потребниот број на деца,се обезбедени соодветни просторни услови, опрема и дидактички средства, согласно со пропишаните стандарди и нормативи за вршење на дејноста, доколку се донесени програми за вршење на дејноста, доколку се обезбедени соодветни и стручни лица согласно стандардите и нормативите и согласно закон и доколку се обезбедени потребни финансиски средства.

За утврдување на сите овие услови предвидени со закон, Министерот за труд и социјална политика, потребно е по барање на Општината пред да  се отвори градинка , да формира комисија и да направи увид за исполнетост на услови согласно стандардите и нормативите, како и исполнетост на услови за вршење на дејност, а согласно член 102 од Законот за заштита на децата  детска градинка може да започне со работа откако министерот ќе утврди дека се исполнети условите и ќе донесе решение за вршење на дејност.

При неформална комисија од страна на претставници на министерството беше посетена градинката и беше укажано дека има голем број на недостаци и тоа: градинката нема кујна, нема соодветен пристап, односно влезот во објектот е заеднички со влезот на децата кои одат во училиштето, не се адаптирани санитарните простории  соодветно за деца до 6 години, нема соодветна опрема за деца до 6 години, нема воопшто дидактички средства за работа со деца до 6 години, нема соодветен кадар.

Ова е досега најголем скандал на техничката министерка Фросина Ременски, дозволи деца да се згрижуваат во објект кој не ги исполува законски предвидените услови а со тоа и свесно се прекршува Законот.