СКАНДАЛ: СДСМ собира луѓе за протестот на Стојанче Ангелов

Министрите на СДСМ поднесоа оставки
Министрите на СДСМ поднесоа оставки

Порталот Курир објави СМС пораки кои вечерва биле праќани до членови на СДСМ низ скопските општини, а кои пристигнале до нивната редакција.

Како што информира порталот, испраќаните пораки биле со следнава содржина…

pokana-stojance

-Почитувани, Ве повикуваме утре да му дадеме поддршка на големиот протестен собир на Стојанче Ангелов во 12 часот пред МРТВ. Поздрав! ОО СДСМ Карпош…

Со ова, СДСМ целосно се демаскира дека стои зад протестите на Стојанче Ангелов и дека Ангелов ја користи партиската инфраструктура на СДСМ за да прикаже бројност и поддршка, соочен со слабиот одзив и немањето на речиси никаква поддршка од обичните граѓани.

Воедно, со ова се покажува дека освен Ангелов што дели исто барање со СДСМ, а поврзано со јавниот сервис, тие си помагаат и во собирање на луѓе кои наместо граѓански протести прават партиски собири и манипулираат со јавноста.

Дополнително, преку ова целосно се делегитимира собирот и иницијативата на Ангелов, која никако не е граѓански, туку партиски собир. Исто така, излегува на виделина дека зад обидот за протест претходно на СОРОС и нивните платени новинари, а сега и оној на Стојанче Ангелов, всушност стои  СДСМ која има интенција да го злоупотреби јавниот сервис за свои партиски цели.

фото:Курир

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.