четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

СКАНДАЛ: СДСМ тепа граѓани, а „независната“ Телма мора да молчи

Уште еднаш се покажа начинот на кој СДСМ ги гледа медиумските слободи во Македонија. Граѓаните немаа можност да слушнат ниту збор за скандалозниот инцидент кој се случи денеска во кој активист на СДСМ физички нападна случаен минувач во прилогот на ТВ Телма посветен на протестите на шарената револуција која ги блокираше крстосниците во Скопје.

kris-udar-640x326

Поврзани вести

Инцидентот што се случи кај Соборниот храм по се изгледа беше видлив за сите, но не и за новинарите на овој опозициски медиум. ТУКА погледнете го целиот прилог на Телма во кој нема ниту збор за овој втор напад врз граѓани од страна на СДСМ.

„Курир“ пишува дека она што Телма воопшто не го виде, уште еден опозициски медиум Нова ТВ го виде, но делумно, „замижувајќи“ во клучниот момент. Во видео прилогот објавен на Нова ТВ скандалозно е исечен делот каде што активистот на СДСМ Исмаил Малиќи Ицко го удира „со полна“ Крис, познат лик од скопските улици. На видеото се гледа расправијата и одеднаш Крис како заминува со моторот. И Нова ТВ „замижа“ пред нападот на Крис.

Двата медиуми кои опозицијата ги фали дека се фер, независни и пример за останатите денеска покажаа на дело зошто е тоа така. Телма и Нова ТВ на Борјан Јовановски го премолчаа инцидентот во кој активисти на СДСМ тепаа граѓанин.

Ваков блам за медиумите кои сакаат да се презентираат како независни и објективни, а пропуштаат да информираат за настан кој се случува среде бел ден пред очите на сите во кој активисти на СДСМ тепаат граѓани не е нова појава во Македонија. СДСМ многу често ги користи своите медиуми за да создава лажна слика и да ја манипулира јавноста. И овој, како и претходните пати – манипулацијата не успеа. Срамот останува само на медиумите кои ги погазија сите стандарди за објективно новинарство, пишува „Курир“.

Најчитани вести