СКАНДАЛ: Шекеринска и Јанковски сами си издавале четири стана

Не еден туку 4 станови си изнајмувале самите на себе Радмила Шеќеринска и нејзиниот сопруг Бобо Дајнерс. Според документите  до кои дојде Press24 семејството на заменичката на Заев во периодот од 2009 до 2013 година само за кирии самите на себе си платиле неверојатни над 320.000 евра или нешто над 20 милиони денари, објави Пресс 24.

Според документите, станува збор за 4 станови од кои 3 во Скопје и еден во Охрид сите сопственост на семејството Јанковски – Шеќеринска.

Во 2009 година Бобо Дајнерс за станот на улицата Васил Ѓоргов во Скопје во кој бил пријавен дека живее заедно со Шеќеринска од јануари до октомври си плаќал кирија од фирмата Динерс Клуб Интернационал Мак ДООЕЛ во висина од 2 100 евра месечно или вкупно за 10 месеци сопругот на Шеќеринска од сметката на својата фирма на својата лична сметка си префрлил 21.000 евра само за овој стан.

Но очигледно тоа не било доволно па сопругот на Шеќеринска решил да си префрли уште 1800 евра (по 900 евра за месеците ноември и декември 2009 година) за нов стан кој го поседувал во Охрид.


Транскакциите не завршуваат тука. Истата година, сопругот на заменичката на Заев склучил договор со својата мајка и за станот во кој живее таа на булеварот Партизански одреди во Скопје за периодот од 1 ноември 2009 до 1 февруари 2013 година, авансно на 12 ноември 2009 и префрлил над 6 милиони денари или над 100.000 евра.

Познавачите на состојбите велат дека ова е начинот на кој Бобо и неговата сопруга ги извлекувале парите од сметките на фирмата Дајнерс што отвара сериозен простор за сомнеж дека двоецот Јанковски – Шеќеринска се вмешани во мега скандал поврзан со големо даночно затајување.

На сличен начин продолжиле и во 2010 година. Тогаш во игра влегува и станот на сопругот на Шеќеринска на улицата Хаванска во Скопје за кој од јули до ноември си плаќал кирија по 2500 евра месечно, а за декември сумата ја зглемил на 2900 евра.

Во 2010 година продолжиле да се исплаќаат и кириите за станот во Охрид од по 900 евра месечно или за 12 месеци, само за охридскиот стан, сопругот на заменичката на Заев си платил само на себе 10.080 евра.

Во 2011 очигледно теребало да се извлечат повеќе пари од сметката. Само за станот на улицата Хаванска во првите два месеци од 2011 Бобо Дајнерс си плаќал по 2900 евра месечно, а потоа од месецот март, па се до декември, за истиот стан решил сам да си ја зголеми киријата на неверојатни 5.300 евра месечно, сум што е доволна да се изнајми цел спрат на еден од елитните хотели низ Скопје. Само на овој основ, сопругот на Шеќеринска од својата фирма на сомнителен начин извлекол неверојатни близу 60.000 евра за 12 месеци, што е доволно да се купи еден солиден стан во центарот на Скопје.

Во 2012 сопругот на Радмила Шеќеринска решил за 12 месеци, за својот стан на улицата Хаванска да си префрли 63.600 евра или по 5.300 евра за секој месец.

По истата пракса продолжил и во 2013 година, кога исто така за 12 месеци си префрлил уште дополниетлни 63.600 евра.

Анализата на документите до кои дојде Press24 покажува дека во периодот од 2009 до 2013 година, речи си целиот имот на семејството Јанковски – Шеќеринска бил даден под закуп на фирмата Дајнерс.

На овој начин, според познавачите на состојбите сопругот на Шеќеринска избегнал да плати сериозна сума на персонален данок, а од друга страна, значително ја намалил добивката на фирмата Дајнерс и на тој начин, ја намалил и сумата која требало да ја плати како данок на добивка . Сумите кои самиот си ги префрлал за своите станови фиктивно ја намалувале сумата која фирмата на крајот на сметководствената година ја пријавувала како добивка. Ова значи дека има основ сопругот на Шекеринска, Јанковски  да одговара кривично за затајување на данок.

Според пресметките кои ги направи Press24 во перидот од 2009 до 2013 година сопругот на Шеќеринска затаил 2,8 милиони денари за данок на добивка и над 1,5 милиони денари за персонален данок на доход со што ги оштетил граѓаните на Македонија за сума од околу 4,5 милиони денари.

Добро упатени извори за Perss24 велат дека за ваков случај надлежното Јавно обвинителство треба веднаш да покрене кривичен предмет за кривичното дело даночно затајување според членот 279 од Кривичниот законик.