Скандал: Шеќеринска зема огромна кирија од својот сопруг?

Радмила Шеќеринска, заменик-претседател на СДСМ, се заплетка во своите лаги, пишува информативниот портал „Курир“

Повикана од ВМРО-ДПМНЕ да одговори „Каков е тој стан кој во Скопје може да се издаде за 5 317 евра месечно“, таа отвори сомнеж за уште поголем скандал.

Имено, вториот човек во СДСМ вчера одговори дека киријата ја плаќа фирмата во која работи нејзиниот сопруг.

Божидар Јанковски, сопругот на Шеќеринска, е извршен директор во Дајнерс. Ако она што Радмила го зборува е вистина, тогаш кирија и плаќа нејзиниот сопруг. И тоа не просечна кирија, туку годишна кирија од 3.911.641 денари.

-Зборуваат и плукаат и ја свртуваат темата од вистинските прашања за кирија која што уредно сум ја пријавила, а не како нив да ја кријам. И кирија која што согласно со менаџерскиот договор за работа мојот сопруг ја добива од фирмата за која што работи и за која што уредно платил данок, одговори Шеќеринска.

Сакајќи договорот за исплата на кирија да го направи нескандалозен, таа направи уште поголем скандал.

Шеќеринска се заплетка себе си, но го заплетка и својот сопруг.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат- Ние не сме сигурни дека таа беше свесна што всушност кажа.

„Радмила Шеќеринска вчера ни кажа дека таа и нејзиниот сопруг добиваат 5 317 евра за кирија од фирмата во која работи нејзиниот сопруг за стан кој е во нивна сопственост и во кој живеат. Кирија наплаќаат за сопствен стан заради тоа што самите живеат во него. Замислете да живеше Шеќеринска во туѓ стан. Колкава кирија ќе наплаќаа? 10 000 евра? 15 000 евра? Госпоѓата Радмила Шеќеринска вчера сакаше да не убеди дека нема ништо спорно во овој скандалозен приход кој го остваруваат. Но не е така“, истакна денес Илија Димовски, член на ИК во владејачката партија.

Несвојствениот начин на исплаќање на кирија меѓу сопружници, го направи овој скандал поголем.

Се отвора простор за сомнеж- дали во овој случај станува збор за перење на пари?