Скандал: Спасовски во интензивна комуникација со осомничените од „Фабрика за афери“

Оливер Спасовски бил во директна и интензивна комуникација со осомничените во скандалот „Фабрика за афери“, дознава Сител повикувајќи се на извори во истрагата.

Според информациите на телевзијата Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски бил во директна комуникација со прво осомничениот во аферата во која полицијата ги откри фалсификаторите на личните карти и други документи. Изворите велат дека од првичниот увид во материјалите запленети во текот на акцијата јасно се гледа дека техничкиот министер Спасовски бил во комуникација со прво осомничениот Захир Бекири – Чаушот и останатите осомничени лица.

Според засега неофицијални информации во пронајдените материјали постојат докази за комуникација помеѓу осомничените и Оливер Спасовски. Најмалку еднаш во последните десет дена Спасовски бил во комуникација со осомничените, а со прво осомничениот бил и во интензивна комуникација еден подолг период претходно. Истрагата треба да покаже за што комуницирале и за што се договарале особено со оглед на фактот дека веќе се појавија информации во јавноста дека осомничените биле дел од структурите на СДСМ.

Спасовски: Не треба да се брза со истрагата

Оттука според Сител, станува јасно, зошто Спасовски во една своја изјава рече дека не треба да се брза со истрагата.

Спасовски: Не треба да се брза со истрагата
Спасовски: Не треба да се брза со истрагата

Не треба да имаме брза истрага, туку напротив, треба да имаме квалитетна истрага којашто ќе покаже кој тоа го направил, зошто го направил, дали го направил по нечија наредба, за што биле употребени овие фалсификувани лични карти итн., бидејќи самото фалсификување на лични карти, патни исправи или какви било други документации е недозволиво“ – рече Спасовски во интервју за Радио слободна Европа.

Информацијата до која дојде Сител е скандалозна, особено ако се има предвид дека Бекири е познат сторител на кривични дела. Во девет наврати тој бил пријавуван и кривично гонет. Осум дела за кои му се изрекувани и затворски казни на Бекири се поврзани со измами и фалсификување документи. Самиот факт дека Министерот Спасовски комуницирал со лице по кое е распишана потерница, од позиција на прв човек во МВР е скандал сам по себе и експертите кои ги контактиравме тврдат дека постои освен апсолутна и морална и кривична одговорност кај него.

По ова…