Балкан

Скандал: Српски министри извадиле од базен деца со инвалидитет за да можат да се бањаат

Скандал: Српски министри извадиле од базен деца со инвалидитет за да можат да се бањаат

Модерниот спортски центар на Воената академија во Белград со години има и свои ВИП членови, поради кои за одредени содржини, како што е користењето на базенот, им е скратен на останатите корисници, дознава српски Курир, пренесува НетПрес.

Поради оваа арогнација, на децата со посебни потреби, кои меѓу другите го користат овој базен скратено им е пливањето, бидејќи во еден нивен термин „влетале“ важни државни функционери.

Министерот за одбрана, Братислав Гашиќ, ги потврди сознанијата на Курир, со образложение дека се укинати ВИП влезниците за базен на Воената кадемија на основа која неговите претходници и поедини генерали рекетирале под специјални услови.